Прв тренер на Јунајтед со ова признание по Сер Алекс Фергусон

Солскјер е најдобар тренер во Премиерлигата за месец јануари

Оле Гунар Солскјер ја доби наградата за најдобар тренер во Премиерлигата за месец јануари, тој е првиот стратег на Манчестер јунајтед кој добива вакво признание по Сер Алекс Фергусон во 2012 година.

Манчестер јунајтед немаше пораз во јануари, победи на три од четири меча, против Њукасл, Тотнем и Брајтон, додека ремизираше против Барнли, тоа е и единственото реми на Солскјер откако стана тренер на тимот.
 
„Ова е големо признание. Тоа е заслуга на тимот, играчите го направија тоа. Но ја не се вртам назад и да велам горд сум на ова или на она, никогаш не гледам така на работите. Секогаш одам напред и не застанувам додека поглавјето не заврши“, вели Солскјер.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе