Бразилецот погоди за прв пат по септември 2018

Солшер се шегува со Фред: Мислев дека нема да бидам жив и да го дочекам неговиот следен гол

Манчестер јунајтед синоќа со 5-0 го совлада Клуб Бриж во Лига Европа, сите во таборот на „ѓаволите" беа расположени па Оле Гунар Солшер реши малку да се пошегува на сметка на двојниот стрелец Фред.

Бразилецот во 2018 се пресели на Олд Трафорд, пристигна како големо засилуање за Жозе Мурињо но не снајде најдобро во својата прва сезона. Фред сепак забележа голем напредок под водство на Оле Гунар Солшер и оваа сезона е еден од подобрите поединци на „ѓаволите“.

Тој синоќа постигна два гола против Клуб Бриж во победата од 5-0 во Лига Европа, па Норвежанецот реши малку да се пошегува на сметка на фудбалерот од средниот ред.

„Мислев дека нема да бидам жив и да го дочекам неговиот следен гол. Често го задевам на оваа тема, но еве, постигна погодок. Навистина ми е мило што погоди“ – вели Солшер со насмевка на лицето.

Фред последен пат ја затресе противничката мрежа во септември 2018 година. 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе