Манчестер јунајтед

Солшер: Роналдо би можел да игра фудбал и во своите 40ти години

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер верува дека Роналдо може да игра професионален фудбал и откако ќе наполни 40 години.

Роналдо на 36 години се врати во Манчестер јунајтед и на три натпревари постигна четири гола досега.

„Не би бил изненаден ако тој игра и кога ќе наполни 40 години, воопшто не би бил изненаден, а тоа е поради начинот на кој се грижи за себе“, вели Солшер.

„Тоа е клучно и се разбира важни донекаде е и гените. Мора да има малку и гени за тоа“.

„Тој секоја енергија која ја има во телото ја дава за да биде тоа што е, ја заслужува секоја пофалба што ја добива за својата физичка состојба“.

„Тоа што е уште поимпресивно е тоа што и покрај сето тоа што го има освоено досега, тој е уште гладен за успех“. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе