Без двете главни ѕвезди против лидерот

Солшер потврди, Де Хеа и Погба нема да играат против Ливерпул

Двете најголеми ѕвезди на Манчестер јунајтед, Пол Погба и Давид Де Хеа нема да настапат на дербито против Ливерпул кое се игра во недела. 

Манчестер јунајтед во лоша форма но и значително ослабен ќе влезе во дербито против Ливерпул кој не знае за ништо друго освен за победи оваа сезона во Премиерлигата.
 
Де Хеа предвреме го напушти мечот на Шпанија во Шведска откако се повреди.
 
„Давид треба да направи скен. Мислам дека нема да може да игра против Ливерпул. Така изгледа судејќи според тоа што се случи минатата ноќ“, вели Солшер.
 
„Погба имаше повреда, се врати, работеше навистина напорно. Одигра неколку натпревари, може ги играше со болка. Имаше скен по натпреварот со Арсенал и можеби ќе му треба одмор од неколку недели. Се надевам дека нема да биде премногу долго надвор од теренот, но против Ливерпул сигурно нема да игра“.
 
Но нема само лоши вести за Манчестер јунајтед, позитивна информација е што Ентони Марсијал, Лук Шо и Арон Ван Бисака се враќаат по повредите и некои од нив ќе настапат на мечот со Ливерпул.
 
Натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул се игра во недела со почеток од 17:30 часот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе