Манчестер јунајтед

Солшер не се откажува, бил во Австрија и Норвешка во обид да го убеди Халанд да се пресели на Олд Трафорд

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер бил до Салцбург и Ставангер со цел да го договара трансферот на Ерлинг Халанд. 

Напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Халанд е вистинска сензација, тој е мета на големите клубови а еден од најсериозно заинтересираните е Манчестер јунајтед.
 
Норвешкиот медиум „ВГ“ откри дека Солшер во петокот наутро летнал до Салцбург за да се види со фудбалерот и неговите претставници. Потоа се вратил во Манчестер и веднаш заминал за Норвешка, во градот Ставангер каде што е таткото на фудбалерот.
 
„Се надевам дека ќе ме разберете дека не можам да коментирам на сите шпекулации кои се појавуваат“, изјавил таткото на Халанд запрашан дали имал состанок со Солшер.
 
Дали ваквата тактика за непосредна средба со сите страни ќе му помогне на Солшер да го донесе Халанд во Манчестер јунајтед ќе видиме.
 
Напаѓачот на почетокот од оваа недела ги посети тренинг центрите на Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг, се поврзува силно и со трансфер во Бундеслигата.
 
Интересот за него е голем, а трансфер може да се случи уште во јануари бидејќи Салцбург испадна од Лигата на шампионите.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе