Манчестер јунајтед

Солшер: Не можевме да посакаме подобар период за дуел со Ливерпул

Оле Гунар Солшер верува дека гостувањето на Манчестер јунајтед кај Ливерпул доаѓа во идеален период за нив, кога играат во најдобра форма и се лидери на табелата во Премиерлигата.

По вчерашната победа кај Барнли, Манчестер јунајтед осамна на врвот со три бода пред Ливерпул од ист број на одиграни натпревари.

Во недела Ливерпул го пречекува Манчестер јунајтед во големото дерби и Солшер верува дека ова е идеален период за пресметка со шампионот.

„Ова е брилијантна позиција за нас. Се разбира одиме кај шампионите кои играат неверојатно во последните три и пол сезони и знаеме дека ќе биде тешко, но подготвени сме“, ,вели Солшер.

„Не можевме да посакаме подобар период за меч против нив бидејќи сме во добра форма и гладни сме за победи, што е добра работа бидејќи овие момци сакаат да бидат уште подобро и тоа е тестот за нивниот карактер и квалитет“.

„Ова ќе биде голем тест да видиме колку сме добри. Речиси на половина од сезоната сме, но важно е каде ќе бидеме на крајот, бидејќи никој нема да се сеќава каква била табелата на 12 јануари“.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе