Оле Гунар Солшер не може против најдобрите, по поразот од Ливерпул, попладнево Манчестер јунајтед загуби и во дуелот со лутиот градски ривал Манчестер Сити.
„Граѓаните“ лесно го освоија Олд Трафорд и триумфираа со 0-2. Баји во 7. минута си ја затресе сопствената мрежа, Де Хеа потоа ги држеше „ѓаволите„ во игра со неколку добри интервенции, но во финишот на првиот дел, и тој направи голем пропуст и дозволи да биде совладан од речиси невозможна позиција.
Во продолжението од натпреварот, гостите рутински одработуваа а Манчестер јунајтед не можеше никако да се закани. Домаќините мечот го завршија со само еден удар во противничкиот гол и двојно помалку посед на топката.