Има лоши спомени од гостувањето кај Евертон

Солшер минатата година на „Гудисон Парк“ го допре дното, овој пат верува дека ќе биде подобро (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед во недела му гостува на Евертон, Оле Гунар Солшер има кошмарни спомени од гостувањето на Гудисон Парк минатата сезона. 

Манчестер јунајтед предводен од Солшер минатата сезона загуби со 4-0 на гостувањето кај Евертон во очајна игра. Стратегот на ѓаволите вели дека тоа бил неговиот најлош меч како тренер.
 
„Тоа беше најлошиот меч кој сум го водел. Тоа беше капитулација. Ништо не личеше на нас, дури и нивните голови беа од прекини и долги нафрлувања. Се што не сакате да видите како тренер го имаше на тој натпревар“, вели Солшер.
 
Манчестер јунајтед сега е во добра форма, Бруно Фернандеш внесе свежина во тимот, а синоќа славеа победа со 5-0 над Клуб Бриж, па Солшер има доволно причини да верува дека овој пат многу подобро ќе поминат кај Евертон.
 
„Сигурен сум дека овој пат ќе покажеме подобри перформанси. Со раката на срце можам да кажам дека овие момци нема никогаш да се предадат и нема да се предадат како тогаш. Ова се момци околу кои сакаме да го градиме следниот тим“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе