Премиерлига

Солшер: Манчестер јунајтед никогаш не е задоволен со реми, одиме на победа против Ливерпул

Иако играат во очајна форма, Оле Гунар Солшер вели дека ќе одат на победа против лидерот во Премиерлигата, Ливерпул. 

Денеска се игра големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. Црвените ѓаволи го имаат најлошиот старт, а од друга страна тимот на Клоп е перфектен досега, не знае за ништо друго освен победа.
 
Ливерпул е фаворит на Олд Трафорд голем како ретко кога таму, но Солшер вели дека не мислат на ништо друго освен победа.
 
„Никогаш не прифаќате реми кога играте за Манчестер јунајтед. Сакам да излеземе и да ги освоиме трите бода. Потребни ни се бодови. Не е важно дали е Ливерпул, Манчестер Сити или Брајтон, ние сакаме да победиме. Треба да почнеме да победуваме и ќе видиме како ќе се одвива планот за игра“, изјави Солшер.
 
Тој е под голем притисок, се верува дека деновите му се бројат и пораз од Ливерпул само ќе го забрза неговиот отказ.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе