Манчестер јунајтед

Солшер: Манчестер јунајтед напредува под мое водство

Оле Гунар Солшер верува дека Манчестер јунајтед под негово водство напредува и има поддршка од раководството на клубот. 

Манчестер јунајтед загуби два од последните три меча во Премиерлигата и има само пет победи од 11 средби оваа сезона, испаднаа од Карабао Купот во првото коло, а во Лигата на шампионите загубија од Јанг Бојс.
 
Солшер се уште нема освоено неков трофеј со Манчестер јунајтед иако има многу посилен тим од оној кој го имаа неговите претходници.
 
Притисокот за негов отказ се зголемува, но тој смета дека Манчестер јунајтед под негово водство напредува.
 
„Напредувавме во изминатите години, шести кога дојдов на половина од сезоната, па трети, втори, можете да видите прогрес, развој и напредок“, вели Солшер.
 
„Оваа сезона ние се уште сакаме да напредуваме. Потпишавме со некои важни фудбалери и ги зголемивме очекувањата. И другите тимови купија фудбалери и напредуваа. Во ист брод сме како и сите други големи тимови“.
 
„Притисокот е присутен цело време, се разбира дека има притисок врз мене. И претходно сме биле под притисок но сме излегле. Во постојан контакт сум со клубот, имаме отворена и искрена дискусија“.
 
Проблем за солшер е и тоа што на тимот му престои исклучително тежок распоред кој започнува од дуелот со Аталанта. Распоредот на Манчестер јунајтед за идните кола можете да го погледнете ТУКА.
 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе