Солшер конечно дочека да му врати на Мурињо

Оле Гунар Солшер го дочека моментот за да му врати на Жозе Мурињо за да врати на критиките од Португалецот. 

Солшер молчеше на тврдењата на Мурињо во септември дека Манчестер јунајтед стана полош од минатата сезона. Португалецот во една ситуација рече и дека е тажно да се гледа падот на клубот кој го отпушти во декември 2018 и на негово место го донесе Солшер.
 
Со новите засилувања од зимскиот преоден рок, Манчестер јунајтед ја крена формата, Солшер повторно не знае за пораз, па за него дојде вистинското време да му врати на Мурињо.
 
Додека Мурињо јавно се жали за загубата на Хари Кејн, Сон и сега Бергвин, Солшер исто се справувашњ со загуба на играчи како Рашфорд и Погба. 
 
Да, но јас не зборам за нив двајца, нели?“, изјави Солшер на начин со кој го „пецна“ Мурињо.
 
„Јас сакам да се фокусирам на оние кои се фит и кои ги имам на располгање“.
 
„Тоа е шанса за нови фудбалери да влезат во тимот. Дел од оваа игра е дека ќе имате повреди“.
 
„Ние одлично ја менаџиравме ситуацијата без некои од нашите најдобри фудбалери оваа сезона“.
 
„Не е се во тактиката, се работи за фудбалерите и за одличниот сручен штаб кој го имам“.
 
„Ние седнуваме и имаме добри дискусии пред натпреварите. Имам фолозофија и мислам дека е вредна за овој клуб“.
 
„Јас сум „Црвен“ и мислам дека знам што му треба на клубот“.
 
Тотнем и Манчестер јунајтед требаше да играат во недела, но Премиерлигата е суспендирана поради коронавирусот. 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе