Манчестер јунајтед

Солшер ќе го води Јунајтед и против Тотнем, тоа го сакал и Сер Алекс Фергусон

Сер Алекс Фергусон заедно со уште неколку членови на бордот на Манчестер јунајтед побарале уште една шанса за Оле Гунар Солшер, тој да го води тимот и на мечот со Тотнем. 

Се чинеше дека натпреварот против Ливерпул ќе биде последен на клупата на Манчестер јунајтед за Оле Гунар Солшер, но работите се менуваат.
 
Според Фабрицио Романо, бордот на Манчестер јунајтед имал состанок и повеќето членови одлучиле дека најдобро во моментов е Оле да добие уште една шанса.
 
Тоа го сакал и Сер Алекс Фергусон, па Солшер ќе го води Јунајтед и против Тотнем а во зависност од изданието на тимот ќе се одлучува што понатаму.
 
Паралелно раководството на клубот размислува за нов тренер на тимот, прва опција е Антонио Конте кој изразил желба да го наследи Оле.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе