Манчестер јунајтед

Солшер: Кавани е пример за другите, поради него сме во финале

Оле Гунар Солшер има многу пофалби за Единсон Кавани, вели дека Уругваецот покажа зошто сакаат да го задржат во Манчестер јунајтед.

Кавани даде вкупно четири голови од осумте во двобојот меѓу Манчестер јунајтед и Рома, неговите погодоци беа клучни за пласманот во финалето од Лига Европа.

„Причината поради која сме тука е тоа што имаме центарфор кој постигна четири голови за време на овој дуел“, вели Солшер.

„Единсон покажува зошто сакаме да го задржиме на Олд Трафорд“.

„Фудбалот има свој сопствен јазик. Единсон го покажа тоа вечерва, на претходните натпревари и во текот на кариерата, покажа за каков напаѓач се работи ии што може со и без топката, неговата подготовка за натпреварите и опоравувањето по натпреварите...“.

„Тој е апсолутно врвен професионалец и сите во мојот тим можат да учат од него“.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе