Манчестер јунајтед

Солшер: И порано сум имал кризи, но секогаш се враќам

Оле Гунар Солшер верува дека може да ја преброди и оваа криза и да остане тренер на Манчестер јунајтед.

Многумина очекувваа дека Манчестер јунајтед ќе му врачи отказ на Солшер по дебаклот од Ливерпул, но тој доби уште една шанса.

Солшер е уверен дека ќе ја искористи, ќе ја преброди и оваа криза.

„Откако станав тренер на Манчестер јунајтед имаше две или три кризи досега, најмалку. Една работа можам да кажам, секогаш сум се враќал“, вели Солшер.

„Се разбира дека ова беше тешка недела за на, тешко е да се справите со перформанасите и резултатот против Ливерпул“.

„Треба да гледаме напред, кон следниот натпревар и да е подготвиме. Добро трениравме во изминатите денови. Треба да реагираме, моја работа е да ги насочам фудбалерите во добра мисловна рамка“.

„Имам чувство дека момците се подготвени да го дадат најдобрите“.

Солшер признава дека имал разговор со Сер Алекс Фергусон, но тој не траел долго.

„Имавме разговор со Сер Алекс Фергусон. Се видов со него и позборувавме само малку бидејќи тој беше таму со Кристијано Роналдо“.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе