„Режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади на руска територија, чии детали, нема да верувате, детално се дискутирани во западниот печат“, рече Захарова, според државната новинска агенција Тасс.
Захарова ги наведе украинските напади во кои се повредени руски цивили и додаде дека украинските специјални служби не се откажуваат од „масакрите на своите поранешни сонародници“.
„Просветлените, како што самите си се нарекуваат, престолнини на колективниот Запад сè уште не го оквалификуваат ова како терористички напад. Како можат тоа така да го оквалификуваат? Во спротивно, самите ќе мора да донесат резолуции и закони со кои се осудува спонзорството на тероризмот од нивна страна“, изјави Захарова пред новинарите, пишува Тасс.