Во пресрет на големото градско дерби

Солшер го провоцира Сити: Сега барем редовно го играме дербито на Манчестер, во мое време ретко бевме во ист ранг

Оле Гунар Солшер се закача со Манчестер Сити пред големото дерби, вели дека во негово време ретко играл против градскиот ривал бидејќи не биле на исто ниво. 

 Манчестер јунајтед го победи Тотнем на Мурињо па Солшер со голема самодоверба зборуваше на денешната прес конференција пред дуелот со Манчестер Сити.
 
Солшер кога потпиша за Манчестер јунајтед како фудбалер летото 1996 година, Сити не беа во Премиерлигата, дури во сезоната 1999-2000 се пласираа.
 
„Ако ништо друго сега играме секоја година. Требаше да поминат многу години пред да го играм дербито на Манчестер лично. Манчестер Сити сега се подобар тим од тогаш и фудбалот многу се промени“, вели Солшер.
 
„Порано беа дозволени посилни дуели. Сега фудбалот е потехнички, тактички отколку физички. Дербито треба да с еигра како дерби, не играме кошарка“.
 
Дербито меѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед се игра утре (сабота) со почеток од 18:30 часот.
 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе