Манчестер јунајтед

Солшер го потврди трансферот на Санчез во Интер, легендарната 7ца на Јунајтед ќе биде на грбот на Санчо

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер потврди дека Алексис Санчез ќе потпише перманентен договор со Интер.

Тоа што претходно го најави Бепе Марота, сега го потврди и Солшер, Санчез наскоро ќе го официјализира перманентниот трансфер во Интер.

„Можам да потврдам дека тој се согласи и ние се согласивме. Тоа е добар трансфер за него. Му посакуваме се најдобро. Тој е голем фудбалер. Од некои причини ние не го видовме најдоброто од Алексис, но тој е врвен професионалец и му посакуваме се најдобро“, изјави Солшер по вчерашната победа над ЛАСК.

Заминувањето на Санчез значи дека ќе се ослободи легендарниот број 7 во Манчестер јунајтед кој претходно го носеа Џорџ Бест, Брајан Робсон, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо.

Тоа е бројот кој го носи Санчо во Борусија Дортмунд, па повеќе од сигурно е дека тој ќе ја земе тешката седмица кога ќе пристигне на Олд Трафорд.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе