Премиерлига

Солшер го надмудри и Гвардиола, Манчестер јунајтед со лекција за Мачестер Сити и голема победа на Етихад (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го доби големото градско дерби против Манчестер Сити, „ѓаволите" им одржаа лекција на „граѓаните" и сосема заслужено стигнаа до триумф од 1-2 на Етихад.

Пред само неколку дена медиумите шпекулираа дека на Оле Гунар Солшер му прети отказ и дека средбите со Тотнем и Манчестер Сити можат да му пресудат на Норвежанецот.

Но откако во средата ја доби пресметката со Жозе Мурињо, Оле Гунар Солшер вечерва го надмудри и Пеп Гвардиола. Манчестер јунајтед пристигна на Етихад како голем аутсајдер, но со одлична игра заслужено стигна до триумф од 1-2.

„Ѓаволите“ знаеа што сакаат и со директна и брза игра му создаваа огромни проблеми на противникот, Едерсон два пати спречи, но не можеше ништо кога Рашфорд од белата точка рутински реализираше за 0-1. Бразилецот беше немоќен и при обидот на Марсијал, кој милиметарски точно биеше по земjа на прва статива за 0-2.

Манчестер Сити го имаше поседот на топката и притискаше, но домаќините практично и да не креираа 100% шанса. Голот кој го постигнаа во финишот падна од корнер, Де Хеа тргна па застана а Отаменди со глава намали на 1-2. Веднаш потоа Марез имаше прилика да изедначи но Де Хеа одбрани.

Пеп Гвардиола сигурно ќе има замерки за судиите окако две играња со рака на Линделоф и Фред во шеснаесетникот не беа санкционирани, а на спротивната страна, пеналот од кој падна водечкиот гол беше досуден со помош на ВАР.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе