Напаѓачот има двојна стрес фрактура на грбот

Солшер ги потврди најцрните прогнози, Маркус Рашфорд ќе паузира од два до три месеци!

Оле Гунар Солшер и Манчестер јунајтед во следните неколку месеци ќе треба да се снаоѓаат без најдобриот играч, Маркус Рашфорд го чека долга пауза поради повреда на грбот.

Пред почетокот на големото дерби на Енфилд, Оле Гунар Солшер истакна дека Маркус Рашфорд ќе треба да паузира неколку недели за да ја санира повредата на грбот. Но медиумите од Англија пренесоа дека ситуацијата е многу полоша.

За време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, неколку весници објавија дека Маркус Рашфорд може да паузира и до три месеци.

„Рашфорд по дуелот со Вулверхемптон има двојна стрес фрактура на грбот. Се очекува да паузира од два до три месеци“ - напиша Хенри Винтер, главниот уредник за фудбал на Тајмс, кој често има точни информации.

По крајот на натпреварот, самиот Солшер излезе со различна прогноза од онаа дадена пред неколку часа и ги потврди најцрните прогнози.

„Да, Рашфорд има стрес фактура. Нормално за стрес фактура се потребни минимум шест недели мирување, а потоа и период за да влезе во натпреварувачки ритам“ - изјави Норвежанецот по поразот од 2-0.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе