Манчестер јунајтед

„Солшер е неспособен да го води Манчестер јунајтед, џабе се трошат пари за засилувања“

Манчестер јунајтед му дава поддршка на Оле Гунар Солшер, но критиките за работата на Норвежанецот пристигнуваат од сите страни. 

Манчестер јунајтед му дава поддршка на Солшер и вербална и со пари за трансфери. Последно големо засилување за Норвежанецот е Бруно Фернандеш.
 
Солшер според резултатите е најлошиот тренер на Манчестер јунајтед, но и покрај тоа нема дискусија за негов отказ.
 
Голем дел од навивачите сакаат тренерска смена, сакаат голем тренер кој ќе го врати тимов во конкуренција за најголемите трофеи. Тоа сега изгледа далеку.
 
Поранешниот претседател на Кристал Палас, Симон Џордан е последниот кој му препорачува на раководството на Јунајтед да си најде друг тренер.
 
„Ед Вудвард излезе пред некоја недела и рече дека тие не се таму каде што треба да бидат и ќе продолжат да трошат пари“, вели Симон Џордан.
 
„Но јас навистина не мислам дека Солшер е спосебен да ги менаџира фудбалерите, без разлика кои играчи ќе му ги донесат за да го вратат клубот таму каде што му е местото“.
 
„Дали би му дал на Солшер 150-200 милиони фунти да потроши? Не. Прво него не би му ја дал ни работата, но јас не го водам Манчестер јунајтед“.
 
„Мислам дека беше лоша одлука, голема грешка што му ја дадоа работата по добрите резултати на неколку меча“.
 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе