Наместо отказ, пари за нови имиња

Солшер добива 70 милиони фунти за засилувања во јануари, но под еден услов

Манчестер јунајтед има доверба во Оле Гунар Солшер, „ѓаволите" се подготвени да му дадат 70 милиони фунти за засилувања во јануари но само доколку се во позиција да се борат за титулата.

Манчестер јунајтед освои само еден бод од последните три натпревари во Премиерлигата, па повторно се постави прашањето дали Оле Гунар Солшер е кадарен да ги врати „ѓаволите“ на шампионските патеки.

Многумина сметаат дека Норвежанецот треба да заработи отказ, но како што пренесуваат медиумите од Англија, раководството на „ѓаволите“ има доверба во стратегот.

Според пишувањата на Дејли Стар, не само што Оле Гунар Солшер нема да добие „клоца“, на располагање ќе има солидна сума за засилувања во јануари.

Манчестер јунајтед е подготвен да обезбеди 70 милиони фунти за нови имиња, но под еден услов, „ѓаволите“ ќе мора да бидат во позиција да се боарт за титулата во Премиерлигата.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе