Аргентинецот ја имаше првата средба со медиумите

Солари со порака до ѕвездите на Реал: Ова е деликатен момент, но сега се покажува правиот карактер

Новиот предводник на Реал Мадрид, Сантијаго Солари признава дека клубот се наоѓа во деликатен момент но додава дека во вакви ситуации се покажува правиот карактер.

Аргентинецот на привремена основа го превзема кормилото на првиот тим на Реал Мадрид откако Хулен Лопетеги вчера доби отказ по серијата слаби резултати.

Тој доаѓа од Кастиља тимот, слично како што и Зинедин Зидан ја започна својата авантура и потоа донесе три трофеи во низа во Лигата на шампионите. Па на денешната средба со новинарите беше неизбежна оваа споредба, но Сантијаго Солари веднаш се дистанцираше.

„Оставете го Зизу на мира, тој е еден од најголемите во историјата на Мадрид. Најдобро е да не зборуваме за него, да го остави во неговата слава и да не правиме споредби бидејќи никој не може да се споредува со него“ – порача Солари на денешната прес конференција.

„Во соблекувалната има голема болка, но сите се желни да се вратиме на прав пат. Имаме група на шампиони, воини кои имаат освоено многу трофеи за овој клуб. Ситуацијаа не е лесна, но гледам дека сите сите се желни да ја поправат“.

„Ова е деликатен момент, но во вакви ситуации се покажува правиот карактер“.

Запрашан дали очекува да остане до крајот на сезоната (според правилата на федерацијата на привремена основа може да го предводи Реал само 14 дена), Аргентинецот вели: „Ќе се обидам да сторам се што можам, ова е голема шанса. Ќе работам ден за ден и ќе уживам во секој момент“.

Тој веќе утре ќе го има своето деби, Реал гостува кај третолигашот Мелиља во Копа дел Реј.

„Целта е да победиме. Идеата е да го дадеме максимумот против Мелиља. Да одиграме со страст, посветеност и желба“.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе