Некој ќе си оди од Рим летоска

Соиграчите спречиле тепачка, Џеко и Ел Шарави се фатиле за гуша во соблекувалната

Вриело во соблекувалната на Рома на полувремето од мечот против СПАЛ, медиумите од Италија пренесуваат дека Един Џеко и Стефан Ел Шарафи имале жолчна расправија и се фатиле за гуша.

„Волчицата“ минатата сабота неочекувано загуби на гостувањето кај СПАЛ и дополнително заостана во битката за топ четири пласман и место во Лигата на шампионите.

Медиумите од Италија сега пишуваат за голем инцидент во соблекувалната на полувремето од овој меч. Един Џеко бил бесен, се дерел и шутирал разни предмети. Босанецот потоа му се пуштил на Стефан Ел Шарави, и му замерил поради тоа што не му додал во една ситуација.

„Фараонот“ не премолчел, па двајцата се фатиле за гуша и морале да реагираат соиграчите за да биде спречена тепачка. Ситуацијата дополнитело се искомпликувала откако Раниери решил да го замени Ел Шарави и на стартот од вториот дел на негово место да го пушти Пероти.

Ваквата „казна“ не му се допаднала на Италијанецот, кој останал разочаран и барал еднаков третман, па се говори дека оваа епизода може да има влијание врз иднината на Ел Шарави и тој да не го потпише новиот договор кој го има на маса.

Инцидентот може да биде и изговор за Рома да го продаде и Еден Џеко по крајот на сезоната. Босанецот има 33 години и висока плата од 6 милиони евра плус бонуси. Напаѓачот игра очајна сезона со само 7 погодока во Серија А, и се уште нема постигнато гол на „Олимпико“ во првенството. Интер изминатиов период често се споменуваше како клубот кој сака да го види голгетерот во своите редови.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе