По големиот хаос во Џенова

Соиграч на Пандев го победи ковид-19 па порача: Вирусов е излезен од лабораторија!

Голманот на Џенова, Матија Перин е убеден дека коронавирусoт е креиран во лабораторија, Италијанецот исто така додава дека секој може да се зарази и како пример ги посочи Кристијано Роналдо и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Пред три недели настана голем хаос во редовите на Џенова, имаше дури 22 случаи на коронавирус. Голманот Матија Перин беше првиот позитивен случај во тимот на нашиот Горан Пандев, а потоа настана голема зараза и дури 17 фудбалери закачија ковид-19.

Потоа се појавија и позитивни случаи во редовите на Наполи (Пјотр Зелински и Елиф Елмас) противникот на Џенова, не се одигра големото дерби помеѓу Јувентус и Наполи и се појавија многу прашалници за протоколите.

Во разговор со „Ла Република“, Матија Перин вели дека малку се знае за овој подмолен вирус, секој може да се зарази и како пример ги посочи Кристијано Роналдо и претседателот на САД, Доналд Трамп.

„На речиси една недела пред дуелот против Наполи, на 21. септември, отпатував во Торино да ги видам сопругата и децата. Тоа беше понеделник и спротивно на работите кои беа кажани, нема доказ дека тој ден сум се заразил со коронавирус“ – вели Матија Перин, кој ја победи болеста и сега е негативен.

„Во средата ни беа направени тестови, резултатот пристигна во четврток наутро и беше негативен. Но вечерта имав треска. Ова е подмолна болест, можете да се заразите во такси или кога го притиската копчето во ливтот. Во моето семејство сите беа негативни. Клиничката слика се менува за десетина часови, па и специјалистите не знаат се за ковид-19“.

„Да бидеме јасни, хаосот на дуелот помеѓу Јувентус и Наполи не се случи поради Џенова. Може да му се случи секому. Кристијано Роналдо е позитивен, Доналд Трамп е позитивен. Доколку клубот ни се викаше Реал Мадрид, Интер или Јувентус, ќе беше покажана поголема почит“.

Поради зголемениот број на случаи, медиумите шпекулираат дека се разгледува опцијата Серија А да креира „меур“ налик на оној во НБА.

„Разговараме во соблекувалната, никој од нас не е експерт за да знаеме што е најдобро, но мислам дека мора повеќе да се жртвуваме“.

„Млади сме, тренирани атлети и добро се справуваме со коронавирусот, но ова е грд, подмолен ѕвер. Ќе лажам доколку кажам дека не ме дестабилизираше малку“.

„Убеедн сум дека вирусот е креиран во лабораторија, и дека не се работи за трансмисија од животно“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе