Леванте

Соиграч на Барди е уапсен поради изнуда на пари!

Соиграчот на Барди, Антонио Гарсија Тоњо е уапсен поради обвинување за изнуда на пари. 

Шпанските медиуми јавуваат дека во акција на полицијата се уапсени седум лица, а еден од нив е играчот на Леванте, Тоњо.
 
Обвинението е изнуда на пари. Нејасно е зошто фудбалерот кој во средата потпиша нов договор со Леванте, бил дел од еден ваков криминален настан. Наскоро се очекуваат повеќе детали.
 
Во меѓувреме Леванте се јави со соопштение во кое му дава поддршка на својот фудбалер.
 
„Во врска со информациите за апсењето на Тоњо, а со оглед дека судската постапка е во тек, клубот мора да се согласи на тајност. Ќе му дадеме поддршка на него и неговото семејство, без разлика на случувањата во иднина. Не сме запознаени со деталите поради кои фудбалерот мораше да биде затворен“, гласи соопштението на клубот.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе