Можност за брза заработка

Со Жорж Мендеш сè е можно: Нема одиграно ниту една минута за Барса а пристигнала понуда од 60 милиони евра!

Според пишувањата на Спорт, Барселона добила понуда од 60 милиони евра за услугите на Тринкао, младиот Португалец во јануари беше купен за 30 милиони евра и оставен на позајмица во Брага.

„Каталонците“ имале можност за убава заработка на трансфер пазарот од играч кој нема одиграно ниту една минута за нив. Според пишувашњата на Спорт, суперагентот Жорж Мендеш им донел понуда вредна 60 милиони евра за услугите на Тринкао, но Барселона кажала НЕ.

Клубот од Камп Ноу во јануари плати 30 милиони евра за услугите на младиот Португалец и го остави во Брага на позајмица до крајот на сезоната.

Спорт додава дека Тринкао е дел од плановите за реконструкција и подмладување на тимот па затоа биле одбиен предлогот. Весникот сепак не открива кој клуб од Премиерлигата бил подготвен да плати 60 милиони евра за 20 годишниот офанзивен фудбалер.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе