ЕХФ шампионат до 18 години

Со трета убедлива победа кадетите се пласираа во полуфинале

Македонските ракометари до 18 години ја совладаа Летонија со 33-23 и се пласираа во полуфиналето на ЕХФ шампионатот кој се одржува токму во Летонија. 

Избраниците на Раде Стојановиќ ја остварија третата убедлива победа на ЕХФ шампионатот, овојпат беа одлични со домаќинот Летонија.
 
Неизвесно беше само на почетокот, потоа почнавме да се одлепуваме и првото полувреме го завршивме со дури девет голови разлика, 21-12, веќе беа решени сите дилеми. Во вториот дел ја одржувавме големата предност и на крајот мечот го добивме со 33-23.
 
Тодор Узунчев беше најефикасен со седум гола, но играч на мечот беше прогласен Томислав Димковски, кој постигна шест. Со шест придонесе и Петковски, а одново одличен беше Давид Брестовац со 11 одбрани.
 
Утре е слободен ден, а в сабота од 15 часот играме полуфинале, со поразениот од денешниот меч меѓу Луксембур и Швајцарија или во случај на нерешено, против Луксембург, кој има послаба гол-разлика во групата А.
 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе