Лига на шампиони

Со многу возбуда и без победник во првата битка меѓу Јувентус и Тотнем (ВИДЕО)

Во возбудлив натпревар со четири гола и промашен пенал, Јувентус и Тотнем одиграа нерешено 2-2, Манчестер Сити уште денеска си ја заврши работата за пласман во четвртфиналето откако победи со 4-0 на гостувањето кај Базел.

Јувентус имаше фуриозен почеток на натпреварот уште во втората минута Гонзало Игуаин постигна гол за водство од 1-0.
 
Веќе во деветата минута беше 2-0 за домаќините, Игуаин повторно беше стрелец на погодокот, овој пат од пенал.
 
Почетнички шок за Тотнем од кој англискиот тим брзо се опорави и беше подобар противник во продолжението од натпреварот.
 
Во 35. минута од мечот по асистенција од Дели Али, Хари Кејн го намалува водството на 2-1 и комплетно го враќа Тотнем во игра.
 
Но, во судиското продолжение Јувентус доби уште еден пенал, но овој пат големата шанса ја пропушти, Игуаин ја погоди само пречката од голот на Хуго Лорис.
 
Во 72. минута Ериксен најде пукнатина во живиот ѕид на Јувентус и со погодок од слободен удар го изедначи резултатот на 2-2 кој беше и конечен.
 
Резултат кој многу повеќе му одговара на Тотнем и сега го прави фаворит во овој осминафинален двобој.
 
Во другиот денешен натпревар Манчестер Сити ја покажа моќта на гостувањето кај Базел каде победи со 4-0.
 
По само 23 минути игра се беше решено, Гундоган, Силва и Агуеро постигнаа голови уште во воведниот дел од натпреварот за водство од 3-0.
 
Во второто полувреме Гундоган уште еднаш реализираше за конечна победа од 4-0 на Манчестер Сити. 
 
Тука нема дилеми кој ќе оди понатаму, тимот на Пеп Гвардиола треба само рутински да си ја заврши задачата.
 

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе