Да не му текне пак да доцни на тренинг

Со Германците нема шала, Дортмунд го принудил Санчо да трча на пороен дожд, тинејџерот платил и 100.000 евра

Џејдон Санчо заработи тројна казна за тоа што доца се врати по должноста со Англија, тинејџерот не само што беше изоставен од тимот, тренирал сам и трчал еден час на пороен дожд а платил и казна од 100.000 евра.

Тинејџерот важи за голема ѕвезда и многумина очекуваат во иднина тој да биде продаден за стотина милиони евра, но Борусија Дортмунд не толерира недисциплина.

Џејдон Санчо по обврските со Англија во квалификациите за Европското првенство, се вратил во Дортмунд еден ден подоцна од договореното.

Па тој веќе беше суспендиран и изоставен од тимот за мечот со Борусија Менхенгладбах. Но медиумите од Германија сега откриваат дека санкцијата била далеку поголема.

Офанзивниот фудбалер бил приморан во саботата сам да тренира, еден час трчал околу теренот додека врнело, и тоа додека имало пороен дожд. Џејдон Санчо исто така бил удрен по џебот и платил казна од 100.000 евра.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе