Холанѓанецот откри уште една епизода од лудиот ноќен живот

Снајдер: Се пијанчев со Клуни и Меган Фокс до 6 сабајле... следниот ден играв во ЛШ и дадов гол и асистенција

Весли Снајдер открива уште една епизода од лудиот ноќен живот, Холанѓанецот се забавувал со ѕвезди од Холивуд до 6 часот наутро а потоа играл натпревар од Лигата на шампионите на кој постигнал гол и асистенција.

Легендата на „лалињата“ неодамна изјави дека можел да биде како Лео Меси и Кристијано Роналдо, но сакал да ужива во животот па затоа не ги достигнал височините на Аргентинецот и Португалецот.

Минатата недела беше објавена автобиографска книга во која Весли Снајдер раскажа како славата и парите по трансферот во Реал му удриле во глава, па во Мадрид живеел како рок ѕвезда а вотката му станала најдобар пријател.

Холанѓанецот открива уште една епизода од лудиот ноќен живот, овој пат кога го носел дресот на Интер.

„Јас и мојата супруга еднаш се журкавме со Џорџ Клуни, Меган Фокс и некои други ѕвезди од Холивуд. Забавата ја организираше Армани, се прибравме дома во 6 часот наутро. Следниот ден јас постигнав гол и забележав асистенција против Вердер Бремен во Лигата на шампиони. Кога видов дека можам да се пијанчам и да играм добро, не ми беше страв да го повторам тоа!“ – раскажува Снајдер.

„Горд сум на работите кои ги постигнав како фудбалер. Имам дури 134 настапи во дресот на Холандија, а во исто време и си го проживеав животот. Чувствувам како да имам 76 години“.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе