Сите го обожавале

Снајдер откри дека Мурињо во Интер имал свои закони: Знаеше дека пиеме и пушиме... ама гиневме на терен

Весли Снајдер сподели детали од начинот на кој Жозе Мурињо раководел со соблекувалната во Интер, вели дека намерно им оставал на играчите поголема слобода за тие да играат подобро.

Жозе Мурињо во 2010 испиша историја и на Интер му ја донесе тројната круна и титули во Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампиони.

Во таа генерација на „нероаѕурите“ имаше одлична хемија, фудбалерите се уште се во контакт, а Весли Снајдер сега откри како „специјалниот“ раководел со соблекувалната.

„Мурињо си имаше свои закони, и играчите го обожаваа. Знаеше како да се справи со нас. Ни велеше, „Ќе ви дадам поголема слобода од тоа што сте навикнати, но за возврат, ќе добијам подобар тим“. За време на натпреварите бараше да гинеме на терен, но навор од теренот ни оставаше простор. Пиевме, пушевме... и сигурен сум дека тој знаеше за ова“ - вели Холанѓанецот.

„Ни даде да избираме со каква облека ќе се појавиме и покрај тоа што имавме спонзор и требаше да носиме костуми. Ни рече дека не мораме да носиме костуми доколку не се чувствуваме комфорно, „Вие сте фудбалери а не модни кукли“. Важни му беа три работи, да тренираме напорно, да бидеме фокусирани и да се забавуваме. 

„Па сите се појавувавме во тренерки или фармерки. Носевме маички во секакви бои, на моменти беше многу смешно но никој во Интер немаше м*да да му каже нешто за ова“. 

И додека најголемиот дел од играчите се придржувале до ова, Марио Балотели имаше неколку испади таа сезона. Португалецот на крајот му вратил со камата и го понижил во финалето од Лигата на шампиони. 

„Мурињо секогаш не заштитуваше, но нема задевање со него“. 

„Марио Балотели се обиде. Беше млад и мислеше дека знае сè. И кога Мурињо не му даваше минутажа, една вечер Марио влезе во мојата соба додека седев со неколку соиграчи. Беше 22:30 часот и тој рече, „Си одам од тренинг центарот, тренерот не смета сериозно на мене. Сакам поголема минутажа“. Мурињо потоа му рече на Балотели дека ќе му прости и ќе го прими назад доколку се извини на целиот тим, и на него. Марио се извини, па двајцата се прегрнаа. Повторно сè беше добро, или барем така мислеше Балотели“. 

„За време на финалето од Лигата на шампионите, Мурињо го испрати Балотели на загревање, Марио се загреваше 45 минути а на крајот во игра влезе Марко Матераци. Мурињо има свои закони“.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе