Скопското обвинителство откако ќе ги прибере доказите ќе отвори предмет. Инцидентот се случил пред дискотеката „Привилиџ“ во градскиот парк, а инволвирани биле три лица од кои две се приведени, а едно е во бегство. Двете приведени лица се дечко и девојка.
Од обезбедение видео снимки се гледало дека починатиот ракометар и учесниците во тепачката биле од исто друштво. Кога тргнале да си одат се степале по што Тот останал во бесознание, а другите си заминале.
Телото на 27-годишниот Тот го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.
Синоќа братот на Денис Тот тврдеше дека ракометарот починал од срцев удар, но последните информации го негираат тоа.