Се обложиле на голема сума и им се заканувале на фудбалери да изгубат

Смртни закани за фудбалер на Монца од албанска мафија: Ако не загубите, ќе ве убиеме!

Полицијата во Италија отвори истрага против лица што се претставиле како „албанска мафија“ и му се заканиле на фудбалер на Монца дека ќе ги убијат доколку не загубат од Јувентус У23 во натпревар од Серија Ц. 

Италијанските медиуми пренесуваат дека играч на Монца добил порака на својот мобилен телефон со смртни закани во случај Монца да не го загуби мечот против Јувентус У23 бидејќи тие уплатиле многу пари на победа на противникот.
 
„Те имаме на нишан, мене ми ја доверија задачата, те предупредувам, мора да го загубите натпреварот, ја знаеме вашата адреса и се за вас... се обложивме на 250.000 евра... има Албанци и Калабријци што ви ја предупредуваат целата одбрана дека мора да загубите 1000%, во спротивно доколку случајно го пропуштите мечот, можете да се сметате за мртов човек што оди, а ако го пријавите случајот, ќе ве снајде уште полошо, ќе бидете заклани“, стоело во пораката што ја добил фудбалерот.
 
Фудбалерот веднаш ја проследил пораката до раководството на Монца, кои веднаш ја информирале полицијата во Алесандрија. Момчето во истиот момент добило телохранители, а полицијата ја почнала истрагата.
 
Се истражуваат и други слични случаи, според „Спортмедиасет“ закани добиле и фудбалери за натпреварот меѓу Про Верчели и Витербезе.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе