Некои ја споредија и со Тони Монтана

Сметководителката на ФФМ која е обвинета за проневера на повеќе од милион евра, стана позната на цел Балкан

Веќе поранешната сметководителка на ФФМ, Олгица Младеновска е обвинета за проневера на повеќе од милион евра од касата на федерацијата за рок од две години, веста за неа брзо стана вирална и низ балканските медиуми. 

Сметководителката Олгица Младеновска најмалку две години ја празнела сметката на ФФМ, голем дел од парите наменети за развој на фудбалот во Македонија завршиле на нејзиното салдо.
 
Откако го забележале случајот во ФФМ, во октомври минатата година, ја пријавиле сметководителката на надлежните органи, а потоа најпрво ја суспендирале, по што и ја избркале од работа.
 
Таа се терети за злоупотреба на службената должност и овластувања, за перење пари, водење двојно сметководство, посредување на фирми кои пружале разни услуги на ФФМ од кои таа добивала финансиски бенифит.
 
Сметководителката на ФФМ не ги криела парите, живеела луксузен живот воопшто неплашејќи се дека нејзиниот криминал ќе биде откриен.
 
Веста за Олгица брзо се рашири и низ балканските медиуми а некои од нив ја споредија и со легендарниот филмски лик „Тони Монтана“.
 
 
 
 
 
 
 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе