Ривалите сигурно ќе бидат бесни

Смешна казна од ФИФА за Сити, за прекршување на трансфер правилата само парична глоба

Манчестер Сити помина добро, за прекршување на правилата за трансфери на играчи под 18 години доби само парична глоба и ќе треба да плати 370.000 швајцарски франци.

Светската куќа на фудбалот изминативе години казни неколку гиганти со забрана за купување нов играчи, последен е Челси. На тапет се уште неколку клубови, а Манчестер Сити сега ја дозна пресудата.

ФИФА попладнево соопшти дека „граѓаните“ ги прекршиле правилата за трансфери на играчи под 18 години, и изрече казна која е прилично блага.

Шампионот на Англија ќе треба да плати парична глоба од 370.000 швајцарски франци, односно околу 315.000 фунти.

Ривалите сигурно ќе бидат бесни, „сините“ водат правна битка бидејќи два преодни рока не смеат да носат засилувања, и веќе половично ја одработија казнава откако летово на „Стемфорд Бриџ“ не пристигна ниту едно ново име.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе