Тренерот на Манчестер јунајтед се мајтапи по победата над Брајтон

Случката од Скопје стигнa и до Солшер: Добро е што Мурињо не беше тука да ги мери головите, ќе имавме проблеми!

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер реши да тера мајтап по победата на гостувањето кај Брајтон, вели дека имале среќа што Жозе Мурињо не бил тука да ги мери головите.

По победата на Тотнем над Шкендија во Лига Европа, Жозе Мурињо изјави дека головите на арената „Тодор Проески“ биле 5 цм пониски, па реагирале кај делгатот од УЕФА и биле донесени нови голови.

Жозе Мурињо потоа на Инстаграм објави слики како тој ги мери головите, па веста брзо се прошири низ сите медиуми од Европа, па и пошироко.

Случката од Скопје беше причина Оле Гунар Солшер да тера мајтап по тешко издвојуваната победа на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Брајтон.

Домаќините во пет навради ја погодија рамката од голот, па Норвежанецот рече: „Среќа Жозе не беше тука да ги измери головите, во спротивно ќе имавме многу проблеми“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе