Квалификации за ЕП 2020

Словенија со гол во 90. минута го победи Израел (ВИДЕО)

Словенија оствари уште една голема победа во битката за позициите кои водат на ЕП, вечерва го совлада Израел со 3-2 со погодок постигнат во последните моменти од мечот.

По победата над Полска, Словенија го совлада и Израел. Во Љубљана се одигра супер интересен меч кој беше решен во 90. минута.
 
Словенија поведе со гол на Вербиќ во финишот од првото полувреме, но за кратко време во вториот дел Израел успеа да го сврти натпреварот и со погодоци на Начо и Захави направи комплетен пресврт и поведе со 2-1.
 
Словенија преку Бежјак во 66. минута го изедначи резултатот, а Вербиќ во 90. минута реализираше за голем триумф од 3-2.
 
Полска по поразот од Словенија, денеска освои само бод против Австрија играјќи 0-0 на свој терен.
 
По шест одиграни кола прва е Полска со 13 бода, следува Словенија со 11, па Австрија со 10, Македонија и Израел имаат по осум, последна е Летонија без бодови.
 

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе