ЕВРО 2020

Словачка го доби соседското дерби против Полска (ВИДЕО)

Словачка со 2-1 ја победи Полска која натпреварот го заврши со десет фудбалерир поради исклучување на Криховјак, тоа беше и прв црвен картон на Европското првенство. 

Словачка тргна со победа на Европското првенство, триумфот е уште посладок затоа што е остварен против нивниот сосед Полска.
 
Во 18. минута Мак по една фантастична соло акција шутираше, топката удри во стативата, па во грбот на Счесни и влезе во неговиот гол за водство на Словачка од 1-0.
 
По неколку секунди во второто полувреме Полска го изедначи резултатот преку Линети.
 
Во 62. минута се случи клучниот момент, Криховјак поради втор жолт картон го напушти теренот и ја остави Полска со играч помалку.
 
Тоа брзо го искористи Словачка која во 69. минута погоди преку Шкрињар за победа од 2-1.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе