Модерниот фудбал е суров

Слика која ги скрши срцата на фановите на Салернитана (ФОТО)

По лошите резултати раководството на Салернитана му врачи отказ на тренерот Фабрицио Кастори, неговата поврзаност со клубот и навивачите беше посебна, па емоциите беа огромни.

Кастори по повеќе од две децении на Салерно му донесе прволигачки фудбал. Тој беше човеот кој испиша историја и ја внесе Салернитана во Серија А.

Во италијанската елита резултатите на Салернитана беа лоши, една победа и едно реми од осум меча, за последно место на табелата со само четири бода.

Но, навивачите се гневни на раководството за отказот на Кастори, тие сметаат дека клубот не му дал поддршка со носење на соодветни засилувања, па за лошите резултати не е виновен тренерот, едноставно тимот не е конкурентен.

Една фотографија посебно ги скрши срцата на фановите на Салернитана. Тренерот Фабрицио Кастори сам седеше на клупа на шеталиштето во Салерно, видно разочаран и замислен по отказот кој го доби.

Навивачите имаа посебна конекција со Кастори, тој беше икона за нив, а неговата љубов кон клубот е огромна. Дури и кога се шеташе низ градот, не ја соблекуваше јакната со грбот клупскиот грб.

Кастори ја почувствува суровоста на модерниот фудбал, доби отказ иако ѝ даде многу на Салернитана.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе