„АС“ тврди

Следното лето ПСЖ ќе тргне по Кристијано Роналдо

Шпанскиот весник „АС“ тврди дека ПСЖ нема намера да го продаде Мбапе ова лето, ќе дозволи тој да замине како слободен играч по крајот на сезоната, а следното лето тие ќе тргнат по Кристијано Роналдо. 

Шеикот, Ал Келаифи сака во ПСЖ да направи трио Роналдо-Меси-Нејмар. Ако овој тим е ѕвезден, замислете што би било ако си ја оствари и оваа желба.
 
Мбапе засега нема намера да го продолжи договорот со ПСЖ, но од друга страна пак ни клубот не сака да го продаде и по цена тој да биде слободен играч следното лето.
 
Мбапе по крајот на оваа сезона ќе замине како слободен фудбалер, најголеми шанси за неговиот потпис има Реал Мадрид.
 
А ПСЖ ќе тргне по Кристијано Роналдо кој следното лето исто така ќе биде со истечен договор.
 
Францускиот клуб ова лето како слободни играчи ги ангажираше Меси, Рамос, Донарума и Ванјналдум, а следното ќе се обиде оваа рецепта да ја препише и за Кристијано Роналдо.
 
Тоа би бил спектауларен тим, двата најголеми играчи Меси и Роналдо да играат во иста екипа беше незамисливо. 
 
Но како би функционирал еден таков тим и на теренот, ќе видиме само доколку Ал-Келаифи си ја оствари желбата.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе