„Лесните повреди“ на македонскиот фудбалер

Славен Белупо објави фотографии од претепаниот Ејупи (Вознемирувачки фотографии)

Хрватскиот клуб, Славен Белупо објави фотографии од претепаниот македонски фудбалер, Музафер Ејупи.

Музафер Ејупи синоќа беше претепан со железна палка во Копривница. 
 
Поранешниот македонски репрезентативец, бил нападнат од 53-годишен човек заедно со неговите роднини а се почнал од обична кавга за паркинг место.
 
Полицијата објави соопштение во кое го потврди инцидентот и рече дека се работи за лесни телесни повреди.
 
Славен Белупо шокиран од полицискиот извештај објави фотографии од Ејупи за јавноста да види за какви повреди станува збор.
 
„Нашиот играч Музафер Ејупи се наоѓа на домашна нега во својот дом во Копривница и се опоравува од тешкиот физички напад и претрпените „лесни телесни повреди“. За какви „лесни“ повреди се работи можеме да видиме од приложените фотографии. На Музо му посакуваме брзо опоравување со што малку последици и колку е можно побрзо да се врати во нашата соблекувална и на зелениот тренинг за заедно да остваруваме колку што е можно подобри резултати. Со ова сакаме да апелираме и до сите хрватски медиуми објективно и пред се одговорно да ја информираат јавноста“, стои во дел од соопштението на Славен Белупо.
 
 
 
 
 
 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе