ЛШ фајнл-фор Келн

Скубе: Во финалето сè е можно

Вардар денеска ќе се обиде по втор пат да се искачи на највисокиот европски ракометен трон, последната пречка е Веспрем. 

Ракометарите на Вардар синоќа одиграа неверојатен меч против Барселона и го направија она што изгледаше невозможно. Се вратија од седум голови негатива против најквалитетниот тим во Европа и го победија со 29:27.
 
Слично како и на вчерашниот меч, противникот и во финалето е фаворит. На Веспрем му се даваат многу повеќе шанси за триумф, но тоа ништо не мора да значи.
 
Скубе особено добро го познава Веспрем, тој во Вардар пристигна од нивниот голем ривал во унгарското првенство ПИК Сегед.
 
„Ќе биде тешко против Веспрем. Исто како и Барселона тие имаат силна одбрана и добар голман. Но во финалето сè е можно. Ние добро ќе се подготвиме, па ќе видиме што ќе се случува на теренот“, вели Скубе.
 
Ристе Ѓорѓиевски,
специјално од Келн за МКД
 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе