Португалецот доби двојно поголема плата од онаа на Покетино

„Скржавиот“ Леви го направи Мурињо вториот најплатен тренер во светот, човек од сенка клучен во преговорите

Жозе Мурињо по 11 месеци без работа ќе му се врати на фудбалот, Португалецот го превзема кормилото на Тотнем и ќе стане вториот најплатен тренер во светот со годишна плата од 15 милиони фунти откако во зделката замешал прсти супер-агентот Пини Захави.

„Специјалниот“ се враќа крај аут линијата, Жозе Мурињо утрово беше именуван за нов тренер на Тотнем откако „спарси“ синоќа се разделија со Маурисио Покетино.

Португалецот е застапуван од неговиот сонародник и еден од најпознатите агенти во светот на фудбалот, Жорж Мендеш, но за оваа зделка клучна улога имал супер-агентот Пини Захави, без кого очигледно не се може кога се прави голем бизнис.

Првиот човек на Тотнем, Даниел Леви важи за тежок преговарач и „скржавец“, но тој не само што бил убеден дека Жозе Мурињо е правиот човек за „спарси“, бил принуден длабоко да бркне во џебот, да одвои двојно поголема плата од онаа која му ја даваше на Маурисио Покетино, одноно 15 милиони фунти годишно и да го направи „специјалниот“ вториот најплатен тренер во светот.

Првиот контакт помеѓу Пини Захави и Даниел Леви се случил пред три недели, Израелецот му објаснил на претседателот на Тотнем како Жозе Мурињо е идеален човек за оваа работа, дека ќе донесе победнички менталитет кој недостасува во овој момент и како одново ќе им ја врати самодовербата на играчите.

Минатата недела имало состанок лице во лице помеѓу Даниел Леви и Жозе Мурињо на која стратегот го презентирал својот план, стилот на игра и трансфер целите за во иднина. Португалецот верува дека тимот е силен но игра под можностите и има потенцијал за многу подобри резултати. Тој сепак побарал пари на располагање доколку сака нешто да промени во јануари.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе