Легендата со нови критики

Сколс „удри“ по ѕвездите на Јунајтед: Погба живее во некој замислен свет и мисли дека е најдобар, Лукаку...

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Погба не се штедеше во последните критики за случувањата на „Олд Трафорд" и силно „удри" по Пол Погба и Ромелу Лукаку.

Легендата на „ѓаволите“ не се снајде во улогата на тренер, издржа едвај еден месец на кормилото на Олдам, и сега откако е без работа, се врати на она што најдобро го знае, односно да ги критикува фудблаерите на Манчестер јунајтед и случувањата на „Олд Трафорд“.

„Има голема конфузија во средниот ред. Дали Погба ќе замине или ќе остане? – вели Сколс. „Манчестер јунајтед со години губеше топ фудбалери, но тоа немаше никакво влијание. Си замина играч како Рој Кин, специјален фудбалер, голем лидер. Дејвид Бекам си замина, Кристијано Роналдо си замина, Руд ван Нистелрој си замина. Сите се топ играчи“.

„Но секогаш сме имале состав и играчи кои можеле да продолжат и да не се почувствува нивното отсуство“.

„Сите знаеме кој е Пол, зборуваме за потенцијал, но тој има 26 години, мора да прикажува одлични партии секој викенд“.

„Проблем е тоа што дојде тука и мисли дека е голема риба, дека треба да се перчи на секој натпревар. Неговите силни страни се трчање, додавања, да влезе во шеснаесетникот од втор план, голови, асистенции... Кога ќе је додаде топката напред и кога ќе истрча да се вклучи во акцијата, нема играч кој може да го испрати“.

„Токму тоа го правеше во Јувентус. Трчаше за целиот тим. Сега ситуацијата е обратна, мисли дека сите други треба да трчаат за него и да му ја вршат работата. Знаеме што може да направи, за што е способен, но чим ќе почне да се глупира, да комплицира, тогаш само џабе ви го губи времето, тимот нема никаква корист од него“.

„Во Јувентус беше најдобриот фудбалер од средниот ред во светот. Но можеби тоа беше така бидејќи имаше силен тренер, топ тренер зад себе и беше опколен од одлични фудбалери. Имаше специјални играчи кои го водеа и му го покажуваа патот. Мислам дека во Манчестер јунајтед го нема тоа“.

„Му треба некој како Брајан Робсон или Рој Кин, од време на време да го вратат во реалноста. Без такви играчи, тој само си продолжува да си живее во неговиот замислен свет и да си мисли дека е најдобар. Тој е дел од тимот. Не се работи само за него, не се работи за тоа тој да прави финти, да го гледаат луѓето на Јутјуб, и да им покажува на Реал и Барса колку е добар“.

Пол Сколс потоа удри по Ромелу Лукаку, Маркус Рашфорд, Антони Марсијал и Алексис Санчез.

„Секогаш сум мислел дека во голем клуб, клуб како Манчестер јунајтед, добри сте онолку колку што вашите напаѓачи се добри. И не сум сигурен дали сегашниве напаѓачи се доволно добри“.

„Зборуваме за потенцијал кај Марсијал и Рашфрод, но веќе стигнавме до точка каде што повеќе не можеме да говориме за потенцијал, потребно е тие да прикажуваат квалитетни игри секој натпревар“.

„Не сум сигурен дали Лукаку е напаѓач од светска класа кој ќе постигне 30 погодока и ќе ви ја донесе титулата. Кога јас играв, имавме четири напаѓачи кои беа брилијантни и тие беа напаѓачи. Кога ќе го погледнам сегашниот состав, Лукаку дефинитивно е напаѓач, но што да кажам за Марсијал, Рашфорд и Санчез. Дали тие се напаѓачи? Или можеби се крилни играчи? Има многу конфузија во овој тим. Недостасува идентитет“.

Тој исто така смета дека Оле Гунар Солскјер мора да ангажира централен дефанзивец и нов десен бек.

„Доколку Линделоф добие цврст и агресивен дефанзивец покрај него, мислам дека одбраната ќе биде многу посилна. Дефинитивно им треба и десен бек“.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе