Многу брзо се предомисли

Сколс само еден месец беше тренер на Олдам, си поднесе оставка!

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс рано ја заврши авантурата во Олдам, си поднесе оставка од тренерската позиција по само 31 ден и седум меча.

Пол Сколс не се прослави во првата прва работа како тренер. Откако претходно работеше со младинските тимови на Манчестер јунајтед,  а малку седеше на клупата на Салфорд (клуб кој го купија неколку играчи на „ѓаволите“ од класата 92-та, на 11. февруари тој беше именуван за нов предводник на четвртолигашот Олдам.
 
Тој ја започна авантурата со победа, но во следните шест меча не триумфираше ниту еднаш. Денеска Пол Сколс реши да стави крај на авантурата и да си поднесе оставка по 31 ден со образложение дека му се мешале во работата, иако добил гаранции од лидерите на клубот дека ќе има одвразани раце.
 
„Со големо жалење одлучив да го напушта клубот. Се надевав, дека ќе го одработам во целост договорот од 18 месеци. Фановите, играчите, моите пријатели и моето семејство знаат колку бев горд и возбуден кога ја прифатив работата. Но веднаш откако почнав со работа, стана јасно дека нема да можам да ги извршувам должностите како што сакам и како што ми беше ветено пред да ја прифатам работата. Им посакувам на фановите, на играчите и персоналот, кои беа извонредни, се најдобро во продолжението од сезоната. Ќе продолжам да ве гледам и да го поддржувам клубот како навивач“ – се вели во соопштението на легендата на Манчестер јунајтед.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе