Некој ја утнал математиката

Скапа грешка: Барса на Нејмар му исплатила 10 милиони евра повеќе од она што му следувало

Барселона и Нејмар повторно ќе се видат на суд, според пишувањата на „Ел Мундо", клубот од Камп Ноу назад си бара 10,2 милиони евра кои по грешка му биле исплатени на Бразилецот.

Некој во Барселона ја утнал математиката па на Нејмар по грешка му се иплатени 10 милиони евра повеќе од тоа што му следувалo.

Грешката е направена при пресметката на данокот, даночните власти ја потврдиле лошата пресметка на луѓето од Камп Ноу, па „каталонците“ сега преку судски пат ќе си ги бараат парите назад.

Даночните власти бараат што поскоро да се регулира сето ова или во спротивно исплатата од над 10 милиони евра ќе ја водат како донација.

Барселона и Нејмар веќе беа инволвирани во еден судски спор, Бразилецот бараше исплата од преку 40 милиони на име на бонуси за лојалност, но фудбалерот го загуби спорот, судот пресуди во корист на Барселона и му нареди на Бразилецот да врати 6,7 милиони евра.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе