Се славеше „смртта“ на лутиот ривал

Скандалозна прослава: Фудбалерите на Интер извадија ковчези и го „погребаа“ Гремио (ВИДЕО)

Големото локално дерби помеѓу Интернационал и Гремио заврши со скандалозна прослава и тепачка, домашните фудбалери на теренот носеа импровизирани ковчези за да ја слават „смртта" на својот ривал.

Популарното „Гре-Нал“ важи за едно од најлутите ривалства во светот на фудбалот, изминатиов викенд на програмата беше дуелот број 434. Натпреварот заврши со триумф на Интернационал од 1-0 а по последниот свиреж настана голем инцидент.

Се почна кога домашните играчи Патрик и Кадорини од трибините земаа импровизирани ковчези со логото на Гремио и гордо ги покажаа на теренот. Гремио е во зоната за испаѓање и големи се шансите да се пресели во втора лига, па Интернационал ја славеше „смртта“ на својот лут ривал.

На гостинските фудбалери не им се допадна потегот, па иако веќе беа тргнати кон соблекувалната, решија да се вратат, настана брканица, имаше влечење, туркање и по некој удар.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе