Го советува Французинот да покаже м*да и да разговара со Аргентинецот

Скандалозна изјава на Дугари и навреда за Меси: Зар Гризман се плаши од аутистично дете?

Француската фудбалска легенда и поранешен играч на Барселона, Кристоф Дугари изнесе шокантни навреди за Лео Меси, го нарече Аргентинецот дете високо 1.50 и половина аутистично.

Кристоф Дугари малку претера во дебатата за проблемите кои ги има неговиот сонародник Антоан Гризман во Барселона.

Во емисијата „Тим Дуга“ на Радио Монте Карло, француската фудбалска легенда изнесе шокантни навреди за Лео Меси и го нарече Аргентинецот дете високо 1.50 и половина аутистично.

„Од што се плаши Гризман? Од дете кое е високо 1.50 и половина аутистично? Треба да покаже малку м*да! Веќе една година зборуваме дека Гризман има проблем со Меси“ – вели Дугари, кој две сезони играше за Барселона.

„Гризман игра без самодоверба, неговите партии не се доволно добри. Вистина е дека Лео треба да му подава малку повеќе, но искрено не сум изненаден од ова. Мислам дека Гризман мора да разговара со Меси и да ги решат недоразбирањата“.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе