Утрово била уапсена

Скандал во ПСЖ: За да има поголема минутажа, договорила на соиграчка да и ги скршат нозете!

Голем скандал го тресе женскиот тим на ПСЖ откако утрово била уапсена Амината Дијало, таа се сомничи дека го огранизирала нападот врз соиграчката Кејра Хамрауи, за да има поголема минутажа.

Како што пренесуваат медиумите, Кејра Хамрауи била нападната минатата недела, кога по една вечера организирана од страна на ПСЖ, се враќала дома со две свои соиграчки, помеѓу кои и Амината Дијало, која возела.

Две маскирани лица ја извадиле Кејра Хамрауи од автомобилот и со метални прачки почнале да ја удираат по нозете и рацете. Таа подоцна била пренесена во болница каде и била укажана помош и и биле санирани повредите.

На полицијата и било сомнително тоа што напаѓачите не одзеле ништо, па веднаш исклучиле дека станува збор за грабеж и се насочиле кон други мотиви. По неколку дена истрага, утрово била уапсена Амината Дијало, таа се сомничи дека го организирала нападот.

Имано, Кејра Хамрауи и Амината Дијало играат на иста позиција, па Амината Дијало на ваков суров начин се обидела да си обезбеди поголема минутажа.

Дијало синоќа беше стартер на мечот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, додека пак Хамрауи беше надвор од составот.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе