Прекинат е мечот помеѓу ПСЖ и Башакшехир

Скандал во Париз: Судијата обвинет дека навредувал на расна основа, играчите се повлекоа во соблекувална (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир во Лигата на шампионите е прекинат по петнаесетина минути игра, настана мешаница откако четвртиот судија беше обвинет дека навредувал на расна основа.

Драма и скандал на „Паркот на принцовите“, натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир е прекинат откако четвртиот судија е обвинет за расизам.

Проблемот настана по петнаесетина минути игра кога главниот судија дојде да покаже црвен картон на некого од клупата на гостите. Потоа настана мешаница, во фокусот беше Пјер Вебо, помошникот на тренрот Бурук.

Фудбалерите на Башакшехир почнаа да обвинуваат дека четвртиот судија навредувал на расна основа, односно дека го користел зборот „negro“ (црнец).

Имаше долга дискусија, се приклучија и играчите на ПСЖ, дојде и супервизорот на УЕФА, за на крај гостите да решат да се повлечат во соблекувалната.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе